Прометот во индустријата зголемен за 9,5 отсто во мај

Bez autora
Jul 16 2014

Индексот на прометот во македонската индустријата во мај бележи растот од 9,5 отсто во однос на истиот месец од минатата година, објави Државниот завод за статистика. Кон ваквото зголемување голем придонес има драстичниот пораст на прометот во индустријата остварен на странски пазари, кој во мај бележи зголемување од 11,8 отсто на годишно ниво, додека прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи пораст од 3,6 отсто. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај, бележи опаѓање од 28,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во мај, бележи пораст кај Капитални производи за 32,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1.

Прометот во индустријата зголемен за 9,5 отсто во мајИндексот на прометот во македонската индустријата во мај бележи растот од 9,5 отсто во однос на истиот месец од минатата година, објави  Државниот завод за статистика.

Кон ваквото зголемување голем придонес има драстичниот пораст на прометот во индустријата остварен на странски пазари, кој во мај бележи зголемување од 11,8 отсто на годишно ниво, додека прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи пораст од 3,6 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај, бележи опаѓање од 28,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во мај, бележи пораст кај Капитални производи за 32,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1.

Прометот во индустријата во мај на месечно ниво бележи пораст од 0,9 отсто додека во периодот јануари-мај 2014 година, во однос на истиот период лани бележи зголемување од 9,9 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik